Тепачка помеѓу малолетници и болничари во Кавадарци

СВР Велес во текот на изминатата ноќ добил пријава за нарушен јавен ред и мир помеѓу малолетници и вработени во болницата во Кавадарци

„По претходна пријава за нарушен јавен ред и мир помеѓу малолетници и вработени во болницата во Кавадарци, во дворно место на ЈЗУ Општа болница Кавадарци, во 00.20 часот упатени се полициски службеници на лице место, каде се затекнати повеќе малолетни лица и двајца вработени во болницата“, изјави за МИА портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Back to top button
Close