Тепачка во болницата „8 Септември“ во Скопје
МВР извести дека вчера во 14.10 часот, полициски службеници ги уапсиле У.П.(44) и А.Б.(50), двајцата од Скопје.
Полицијата постапила по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје двајцата го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И.(33) од с.Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци