Тепачка во ресторан во скопски Капиштец – двајца уапсени

Тепачка меѓу гости во скопски ресторан, во населбата Капиштец резултираше вечерва со двајца уапсени.

На булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов имаше неколку полициски возила.

Од МВР информираат дека во 20 часот во СВР Скопје е пријавено нарушување на јавниот ред и мир пред угостителски објект на булеварот.

„По интервенцијата на полициски службеници од СВР Скопје лишени од слобода се две лица“, велат до МВР.

Back to top button
Close