„Tерапија“, Драгшиќ и Herzel ќе бидат наши амбасадори на доделувањето на наградата амбасадор во Загреб

Крајот на годината е секогаш добар период за да ги сумираме резултатите и да продолжиме напред. Во делот на електронската музика, на почетокот на декември ќе бидат доделени признанија и награди за најдобрите артисти и музички платформи од регионот, во Загреб (Хрватска).

Овој пат, Македонија и клупската сцена имаат повеќе причини за радост, затоа што за прв пат имаме номинации на претставници од домашниот креативен сектор.

Музичката платформа „Терапија“ е номинирана за наградата „Амбасадор“ во категоријата „Најдобар регионален медиум“. Имено „Терапија“ дава поддршка на домашната клупска сцена, но ја промовира и електронската музика и култура од регионот.

Дополнително, во рамки на дводневната програма за доделување на награди (8 и 9 декември 2022), во Загреб, свои DJ перформанси ќе имаат Ивана Драгшиќ и Александар Гроздановски HERZEL, кои се дел од „Терапија“.

„Среќни сме што нашите артисти се препознаени и на регионалната клупска сцена. „Терапија“ е платформа, која пред сѐ дава поддршка на домашните артисти и им овозможува нивно поврзување со регионот, Европа и светот.  Се надеваме дека ќе дојдеме со добри вести од Загреб, но во секој случај и оваа номинација е голем успех. Сепак, не треба да се задоволуваме со малку, затоа што Македонија и нашата клупска сцена можат да се носат и со светските артисти.“, вели Тренчева Слободанка – Боте, основачка на „Терапија“.

Поддржете ја оваа музичка платформа и гласајте за „Терапија“ на овој линк https://bit.ly/3Ez24bo.

Запрашана за претстојната 2023, Боте ни одговори дека подготвуваат квалитетна понуда, микс од електронска музика, културно наследство и одбележување на некои значајни периоди кои се дел од колективната меморија на сите граѓани.

Back to top button
Close