Термички камери на железничките станици во Солун и Атина

Како дополнителна превентивна мерка за мерење на температурата како на патниците, така и на вработените, на железничите станици во Атина и Солун поставени се термички камери, јави дописничата на МИА од Атина.

Камерите се поставени на иницијатива на управата на грчката железница и од утре ќе почнат да функционираат.

Од грчката железница соопштуваат дека камерите се дополнителна превентивна мерка, а и понатаму се во сила претходно преземните мерки како што се задолжителна употреба на маска, поставени антисептици, секојдневна дезинфекција и сл.

Back to top button
Close