Тешка несреќа на крстосница во Скопје: млад мотоциклист се здобил со тешки телесни повреди
Вчера околу 18:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од ул.„Кемал Сејфула“ и ул.„Павле Илиќ“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат ибица“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.М.(44) од Скопје и мотоцикл „лонгија“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Д.(18) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје.