Тешка несреќа попладнево во Гостивар: Прегазен пешак починал на лице место
Во сообраќајна несреќа којашто се случи претпладнево загинал 31-годишен маж од гостиварска Долна Бањица, објави Гостиварпрес.мк. Во СВР Тетово, во 11 часот и 20 минути било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево, на потегот меѓу здуњска крстосница и наплатната рампа за Гостивар, товарно возило „миксер“ со гостиварска регистрација, што го управувало 52 годишниот Б.С. удрил во пешак А.М. на возраст од 31 година од Долна Бањица.
Од ударот пешако се здобил со тешки телесни повреди, од кои починал на лице место.
Увид извршил Јавен обвинител во содејство со екипа на ОВР Гостивар. Се утврдуваат причините и околностите кои довеле до несреќата.