Тешка несреќа во Кавадарци: Прегазен 93-годишен пешак

Возрасен кавадарчанец се бори со тешки телесни повреди откако во него удрило патничко возило вчера попладне. Несреќата била пријавена во 14:20 часот во ОВР Кавадарци.

Според информациите од СВР Велес, несреќата се случила на улицата „Мито Хаџи Василев“. Возило „југо“ со локални регистарски ознаки, управувано од 58-годишниот Ц.П., налетало на пешакот Д.К. (93) од Кавадарци. По ударот, повредениот веднаш бил пренесен во Општата болница во Кавадарци каде лекарите му констатирале тешки повреди

Back to top button
Close