Тешка сообраќајка кај Зајас: Загинаа две жени

Две жени загинаа во тешка сообраќајна несреќа која рано утрово се случила кај селото Зајас на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Како што соопшти полицијата, несреќата се случила околу 09:15 часот помеѓу товарно возило „мерцедес управувано од 58-годишник со иницијали М.И. и „голф“ управуван од 78-годишник од Тетово.

На местото на несреќата, на повредите им подлегнала Т.В.(54) од Тетово додека во амбулантно возило, на пат кон Ургентниот центар во Скопје, починала С.Ц.(75) од Тетово, двете сопатнички во второто возило. По наредба на јавен обвинител, врз телата на починатите ќе се изврши обдукција, велат од полицијата.

Увид на местото на незгодата извршија јавен обвинител и полициски екипи.

Back to top button
Close