Тешка сообраќајка на автопат Гостивар-Тетово: Седум лица се повредени

На 04.08.2022 во 23.55 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, наспроти тетовско Горно Седларце, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „там“, со велешки регистарски ознаки, управувано од Т.К.(56) од Велес и патничко возило „ауди“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ф.(29) од гостиварска Долна Бањица, информираат од МВР.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот Ф.Ф. и сопатникот во неговото возило А.З. од Долна Бањица, додека возачот на товарното возило и неговите сопатници О.У., М.А., Е.У. и А.У., сите од велешко Јаболчиште, се здобиле со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово. По овластување на Јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од СВР Тетово

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close