Тешка сообраќајка на експресниот пат Штип – Кочани, едно лице загина, тројца повредени
Тешка сообраќајна несреќа се случила утринава на експресниот пат Штип – Кочани, при што едно лице го загубило животот, а тројца се здобиле со повреди.
Според информации на Телевизија Кочани, во несреќата учествувале две патнички возила – „Фолксваген Поло“ и „Рено“ со бугарски регистарски таблички.
Неофицијално, во едно од возилата се превезувале работници, од кои тројца се полесно повредени. Еден од патниците, поради сериозноста на повредите, бил пренесен на скопските клиники, каде подоцна им подлегнал.
Полицијата врши увид на местото на несреќата за утврдување на причините и околностите под кои се случила трагедијата.