Тешка сообраќајка на Партизанска, се судрија автомобил и скутер

Тешка сообраќајка се случи попладнево на булеварот „Партизански одреди“ во скопската населба Карпош 4, спроти трговскиот центар Антико, пренесе А1он.

Во несреќата учествувале мотор и автомобил, а повредени се четворица луѓе, кои се пренесени во Градската општа болница „8 септември“.

Задното стакло на автомобилот е целосно искршено и распрскано на улицата. Моторот е оставен веднаш зад автомобилот, а до него има траги од крв.

Полицијата изврши увид на местото.

Back to top button
Close