Тешка сообраќајка на патот Охрид-Кичево – еден починат, неколку повредени

Едно лице загина, а неколку се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила попладнево на патниот правец Охрид-Кичево во близина на с.Арбиново.

Повредените со итна медицинска помош од Охрид се пренесени во Специјална болница Св.Еразмо

Според првичните информации во несреќата учествувале три возила.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димовски потврдил дека имаат пријава за сообраќајна несреќа, но повеќе информации во овој момент не може да соопшти.

-Случена е сообраќајна несреќа, увидот се уште трае. Повеќе информации за сообраќајната несреќа во текот на утрешнот ден, вели Димовски.

Back to top button
Close