Тешка сообраќајка на патот Осломеј-Кичево: Загина возач, а сопатникот е тешко повреден

Вчера во 16.20 часот била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Осломеј-Кичево, во непосредна близина на крстосницата за с.Осломеј кај место викано „Бороите“.

МВР информира дека патничко моторно возило „фолксваген голф“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Ш.С.(66) од с.Поповјани излетало од коловозот. Притоа, од здобиените повреди на местото помчинал возачот, а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош.

Исто така, со тешки телесни повреди се здобил сопатникот З.Р.(42) од Кичево, констатирани во Медицинскиот центар во Кичево.

Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево, соопштија од полицијата.

Back to top button
Close