Тешка сообраќајка : Синоќа загина 11-годишно детенце, а мајката е тешко повредена

11-годишно детенце загина, а мајката е тешко повредена во сообраќајна незгода која синоќа се случи во Велес,објави порталот skopjeinfo.mk

Сообраќајката се случила на пешачки премин во близина на училиштето Васил Главинов. Според првичните информации возачот на автомобилот избегал од местото на несреќата.

Неофицијално на местото на несреќата пронајдени се регистарските таблички на возилото, а полицијата трага по сторителот на сообраќајната незгода.

Од Министерството за внатрешни работи се уште нема официјална потврда на настанот и повеќе информации се очекуваат во текот на утрешниот ден, но на социјалните мрежи веќе се зборува за несреќата:

Back to top button
Close