Тешка спасувачка акција во Струмица: шест пожарникари спасија повредена девојка

Screenshot

Пожарникари-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица утрово интервенирале во сложена спасувачка акција за извлекување на повредено женско лице од провалија под локалитетот Цареви Кули, на местото викано Црвен Дол.

Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде шест пожарникари интервенирале со две теренски противпожарни возила. Во акцијата била употребена специјализирана алпинистичка опрема, како и носила за безбедно извлекување на повредената.

По успешно завршената интервенција, девојката била извлечена од провалијата и предадена на екипа на Итната медицинска помош.

На местото на настанот биле присутни и полициски службеници од СВР Струмица.

Извор: skopje1.mk

Back to top button
Close