Тешко повреден е градежен работник во Скопје
МВР информира дека вчера попладне во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 13.30 часот при извршување градежни работи во oсновно училиште на подрачјето на Гази Баба во Скопје со повреди се здобил И.И.(35) од с. Ореше, тетовско.
Со возило на Итната медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде му се констатирани тешки телесни повреди.
Извршен е увид и известен е трудов инспектор