Тешко повреден градежен работник

Градежен работник од неготинското село Криволак се повредил на работа. Несреќата се случила вчера околу 11 часот, кога при изведување на градежни работи во фирмата во која работел на улица „Железничка“ во Неготино, 50-годишниот С.М. паднал и се здобил со тешки телесни повреди.

„На 22.06.2020 околу 11.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека во фирма на ул.„Железничка“ во Неготино,  при изведување на градежни работи, паднал работникот С.М.(50) од с.Криволак и се здобил со тешки телесни повреди“, соопшти СВР Велес.

Тој бил пренесен во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош. Полицијата извршила увид на местото на настанот.

Back to top button
Close