Тешко повреден пешак во Скопје

Пешак е тешко повреден во сообраќајната незгода што се случила вчера попладне, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„На бул.„Борис Трајковски“, патничко возило „цитроен“, со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(50) од Скопје, удрило во пешакот Ѓ.Ѓ.(68) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, додаваат од МВР.

Back to top button
Close