Тешко повреден возач во сообраќајна несреќа кај Велес

Министерството за внатрешни работи информира дека на 28 март 2026 година во СВР Велес било пријавено дека околу 07:00 часот на улицата „Сараевска“ во селото Горно Оризари, велешко, се случила сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила.

Според информациите од МВР, во незгодата учествувале патничко возило „шевролет“ со велешки регистарски ознаки, управувано од Ј.Х. (51) од селото Горно Оризари и патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 29-годишната Ј.А. од истото село.

Во несреќата, Ј.Х. се здобил со тешки телесни повреди, додека Ј.А. се здобила со телесни повреди, констатирани во Општата болница Велес.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Велес.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close