Тешко повредена жена во експлозија на плин во куќа во Велгошти

44-годишна жена е тешко повредена во силна екплзозија на плин што се случила денеска во охриското село Велгошти. Како што соопштија од противпожарната служба Охрид, брзата реакција на пожарникарите спречила ширење на огнот.
„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид, интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“ соопшти ТППЕ Охрид.






