Тешко повредени девојка и пензионер – неа ja удрил тротинет во Скопје, него автомобил во Прилеп

МВР информира дека вчера наутро во 07.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул. „Борис Трајковски“ во Скопје, електричен тротинет удрил во А.Д.(25) од Прилеп и го напуштил местото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Само неколку часа подоцна, во 10 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул. „Беровска“ во Прилеп, патничко возило удрило во пешакот Д.Ч.(75) од Прилеп и го напуштило местото.

Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп

Back to top button
Close