Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка на патот Штип – Радовиш
Две малолетни лица се здобиле со тешки телесни повреди, а други две се со полесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила во текот на вчерашниот ден на магистралниот пат Штип – Радовиш.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 19 јуни околу 18:30 часот на патот Штип – Радовиш, патничко возило „форд мондео“, со штипски регистарски ознаки, управувано од С.А.(40) од Германија, со место на живеење во Кочани, излетало од коловозот.
„По незгодата возачот и сопатниците биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде на возачот и двајца малолетни сопатници, од кои едниот од Германија, а другиот од Кочани, им биле констатирани тешки телесни повреди, а кај сопатниците С.А.(19) и С.А.(19), и двајцата од Кочани биле констатирани телесни повреди“,велат од МВР.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР-Штип.