Тешко повредени две млади момчиња од тетовско, со четирицикл излетале од патот

МВР информира дека вчера попладне во 12:35 часот во СВР Тетово е пријавена сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Тетово – с. Јажинце, во селото Одри.

Четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од М.Ќ.(19) од село Теарце, излета од коловозот од засега непознати причини.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здоби сопатникот А.А.(20) од село Слатино, кој е пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување лекарска помош.

 

Со тешки телесни повреди се здоби и возачот М.Ќ., кај кого повредите се констатирани во Ургентниот центар во Тетово

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close