„Тесла“ презентира нова инвестиција: Маск на чекор да отвори ланец на ресторани под логото на големата компанија

Повикувајќи се на „Блимберг“, денес Танјуг пренесе дека компанијата „Тесла“ на чело со извршниот директор, Елон Маск е на прагот да воведе нова инвестиција, односно да отвори ланец на ресторани.

Како што пренесе „Танјуг“, компанијата „Тесла“ веќе ја отпочнале процедурата, односно од Управата за патенти и трговски марки на САД, побарале употреба на логото кое е означено со буквата „Т“ како и две други верзии, со цел влез во прехранбената индустрија.

Во суштина, инвестицијата ќе се базира на угостителски услуги, поконкретно, служење на храна во поп-ап варијанта, самопослужување, како и храна за носење.

Како што открива „Блумберг“ оваа идеја, извршниот директор Маск ја има уште од 2018. Година, кога на една од станиците за полнење на електични автомобили во сопственост на „Тесла“, сакал да постави „drive in“ услуга за продажба на храна во Лос Анџелес. Опсервер

Back to top button
Close