Тестирани сите вработени во дебарската градинка

На 69 вработени во детската градинка „Брешија“ во Дебар им беше земен брис во рамките на активноста на детските градоники во земјава за утврдување на состојбата со вирусот Ковид 19.

Директороката на оваа установа Ајрие Дачи за „Либертас“ изјави дека за само еден ден е реализирана активноста во целост . Тестирањето – земањето брис е реализирано од страна на епидемилолозите на дебарската единица за јавно здравје , и резултатите од оваа тестирање се очекуваат за три дена , додаде дачи. Таа исто така информираше дека сите вработени се одзвале на повикот за тестирање , а покрај вработените во дебарската градинка на тестирање биле и вработените во градините во неколку селски населби кои работаат во склоп на градинката ,,Брешија ,,.

Инаку пред почетокот на пандемијата на Коронавирусот во оваа градинка има 36о деца од различни возрасти . Во анкетара што беше направена од страна на управата на градинката со родителите , само 17 родители искажаа позитивен одговор дека се подготвени децата да ги пушта во градинка во состојба на пандемија ,додека најголемиот дел од родителите оценуваат дека би ги пуштиле во градинка по смирување на состојбата со пандемијата .

К.М

Back to top button
Close