Тетовец починал на плажа во Албанија, Брза помош дошла по повеќе од еден час!


Присутните двапати го враќале во живот 41-годишниот маж, кој не страдал од никаква хронична болест

Агрон Салиу (41), вработен во Основниот суд во Тетово, вчера ненадејно почина на плажата Шкемби во Каваја кај Драч, каде што бил на одмор со своето семејство

Неговото семејство и пријателите биле шокирани, бидејќи починатиот не страдал од никаква хронична болест.

„Жителите и туристите присутни на местото на настанот го враќале во живот двапати, сè додека не пристигнала Брзата помош“, известуваат сведоци за албанските медиуми.

Косовскиот весник „Експрес“ објави дека Брзата помош пристигнала по повеќе од еден час, кога било предоцна за животот на Агрон, кој зад себе остави сопруга и две ќерки.

Back to top button
Close