Тетовец се заканувал на полицајци во полициска станица

Вчера во 12.45 часот, полициски службеници од Полициското одделение Камењане го лишиле од слобода Б.З.(41) од тетовско Горно Седларце, затоа што во просториите на полициската станица агресивно се однесувал и се заканувал на полициските службеници кои вршеле службени дејствија, а се обидел и физички да нападне еден од нив.

Тој е задржан во полициска станица и при преглед во неговото возило бил пронајден и одземен остар предмет. По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава

Back to top button
Close