Тетовка оштетена со 500 евра во измама од лица кои и ветиле дека ќе добива туѓа нега
Тетовка пријавила во полиција дека била измамена од две лица кои и ветиле дека за 500 евра ќе и завршат работа да добива надомест туѓа нега.
Во дневниот Билтен на МВР е наведено дека во СВР Тетово, вчера во 15.15 часот, 59-годишна жена од тетовско село пријавила дека била измамена од Х.Н. од тетовско и уште едно машко лице за сума од 500 евра.
– Според пријавеното, во текот на 2024 година тие ја довеле во заблуда дека ќе ѝ завршат работа да прима социјална помош – туѓа нега, но за тоа ќе треба да плати 500 евра. Како што е пријавено, таа спремила документи и на крајот на 2024 година добила решение со кое ѝ се одбива барањето. Исто така, според пријавеното, ги известила нив, но тие пак ја убедувале дека набргу ќе ги добие парите, по што го прекинале контактот со неа и таа сфатила дека е измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, информира МВР