Тетово го укинува јавниот превоз – државната фирма која го вршела не била регистрирана  P

Тетово времено го прекинува јавниот превоз во градот поради, како што велат од новата локална власт, хаосот во кој што се наоѓа јавното претпријатие „Тетово транспорт“

“Вработените работат без придонеси а фирмата воопшто не е регистрирана. Луѓето кои се вработени во Тетово транспорт земаат плата од општината а постојат и други бројни неправилности поради што сме принудени да го прекинеме јавниот транспорт во градот како би ги запреле неконтролираните трошоци и би спечиле дополнителен удар по џебот на граѓаните, велат од општина Тетово од каде информираат дека актуелниот директор е разрешен и на негово место е поставен вршител на должност, Рафиз Медија.

Инаку јавниот транспорт во Тетово профункционира неодамна, во август годинава, Четири години откако беше формирано ЈП „Тетово транспорт“ и осум месеци откако пристигнаа петте автобуси. Во јавниот превоз беа вклучени пет автобуси и 10 возачи, а сообраќаа од градската автобуска станица до Универзитетот на Југоисточна Европа, додека втората линија одеше од автобуската станица преку градскиот стадион до центарот на градот.

Back to top button
Close