Тевез го продолжи договорот со Бока Јуниорс

 Аргентинскиот фудбалер Карлос Тевез го продолжи договорот со Бока Јуниорс.

Двете страни се обврзаа на соработка до крајот на сезоната 2020/21.

Минатата сезона 36-годишниот напаѓач постигна девет гола и две асистенции на 17 натпревари во аргентинската лига.

Во својата богата кариера, Тевез има настапувано за девет клуба, меѓу нив и за европските великани Манчестер јунајтед, Манчестер сити и Јувентус.

Back to top button
Close