Тежок пад и откажување на победникот на првата етапа на Тур Де Франс
Јаспер Филипсен од Белгија, кој победи на првата етапа на годинашново издание на Тур Де Франс доживеа лош пад и се откажа од трката во третата етапа. Спринтерот Филипсен имаше одличен почетокот на трката и триумф во саботната стартна етапа, но денеска доживеа шок по падот и за него трката е завршена.
Филипсен возеше во „зелена“ маица, како најдоброрангиран во спритовите, но откако ја загуби рамнотежата дојде до контакт со Французинот Бриан Кокар и лошо падна во обид за подобар пласман на една од контролните точки за „спринтерите“.
Веднаш доби медицинска помош, а од неговиот тим стравуваат на сериозна повреда на рамото и скршена клучна коска. По направените детални прегледи ќе биде позната неговата состојба со повредата.
Филипсен е еден од најдобрите спринтери во светот, а во својата професионална кариера има 54 победи, со десет етапни победи на Тур де Франс. Ова беше трето откажување годинава откако Италијанецот Филипо Гана и Швајцарецот Стефан Бисегер се откажаа по падовите во првата етапа.
Победник на денешената трета етапа од Ваненсиен до Данкерк во должина од 178 километри беше Тим Мерлие од Белгија.