ТХП: Нема да соработуваме со политички чинители кои ја загрозуваат иднината на земјата  

Партијата за движење на Турците (ТХП) денеска соопшти дека ги следи политичките случувања кои, како што велат, можат да бидат исклучително значајни, но и фатални за иднината на нашата земја.

-Како сериозна парламентарна партија спремни сме да дадеме максимален придонес за надминување на оваа политичка криза. Но, Партијата за движење на Турците никогаш нема да соработува со тие политички чинители кои со своите анти-ЕУ, анти-НАТО, антидемократски ставови ја загрозуваат иднината на Северна Македонија, а со своите радикални погледи и провокации разгоруваат етничка и религиска нетрпеливост. Ги повикуваме сите политички субјекти и слободоумни граѓани да се дистанцираат од ваквите штетни политички активности, стои во соопштението.

Од ТХП посочуваат дека ќе продолжата да се залгаат за општество во кое хармонијата и еднаквоста ќе се во прв план. Додаваат дека нашата земја со многу труд и поддршка на своите меѓународни пријатели ќе стигне до посакуваното членство во ЕУ.

Инаку, ТХП имаат еден пратеник, и не сакаат да коалицираат со Левица. Дополнително, во текот на вчерашниот ден, поточно попладнето, имаа средба со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски

Back to top button
Close