Тигар избегал од имотот на германската „кралица на тигрите“, повредил еден човек

Тигар кој избегал од приватен имот во близина на германскиот град Лајпциг нападнал и повредил едно лице, по што полицијата го усмртила.
Инцидентот се случил во местото Шкојдиц, западно од Лајпциг, а животното ѝ припаѓало на дресерката Кармен Цандер, позната како „Кралица на тигрите“, пренесува DW.
Според полицијата, тигарот избегал од приватно оградено подрачје, а подоцна бил пронајден и убиен во блиските градини.
Нападнатиот маж се здобил со полесни повреди и бил пренесен во болница.
Полицијата соопшти дека нема други тигри на слобода.
Германските медиуми потсетуваат дека сопственичката Кармен Цандер и претходно имала проблеми со властите поради начинот на кој ги чувала животните.
Според наводите, против неа била водена истрага бидејќи организирала претстави со тигри без соодветна дозвола.
Извор: skopje.mk






