Тихановскаја: ЕУ да не се ограничува само на санкции против Минск

Поранешната белоруска кандидатка за претседател и најпозната дисидентка во егзил, Светлана Тихановскаја, денеска учествуваше во видео-конференциска врска со Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент и притоа ја повика ЕУ да не се ограничува на санкциите против Минск во врска со инцидентот со насилно приземјениот авион на компанијата „Рајанер“ во белоруската престолнина.

-Го повикувам Европскиот парламент да стори се реакцијата на меѓународната заедница да не се ограничи само инцидентот со авионот. Лукашенко ја претвора мојата земја во Северна Кореја. Ја повикувам Европската унија да ја задржи својата политика на непризнавање на Лукашенко, кажа Тихановскаја во својото вклучување пред Комитетот.

Таа ја повика ЕУ што е можно поскоро да го одобри четвртиот пакет санкции против Минск и веднаш да ги почне подготовките за петтиот.

Back to top button
Close