ТикТок ќе биде „привремено недостапна“ во САД

ТикТок соопшти дека апликацијата ќе биде „привремено недостапна“ денеска во САД, каде што стапува на сила законот за забрана на платформата за социјалните медиуми.

Корисниците кои се најавуваа беа пречекани со порака во која се вели дека законот „ќе не принуди нашите услуги да ги направиме привремено недостапни“.

-Ние сме среќни што претседателот (Доналд) Трамп сигнализираше дека ќе работи со нас за да најдеме решение за обновување на ТикТок откако ќе ја преземе функцијата. „Ве молиме останете во тек“, се вели во пораката.

Вчера, корисниците сè уште можеа да продолжат на апликацијата и покрај пораката. Сепак, од денеска, апликацијата повеќе не е достапна за корисниците во САД и веќе не е достапна во онлајн продавниците на „Епл“ и „Гугл“

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close