Тимоние: Владата брзо да се формира за да се продолжи со ефективни реформи

Францускиот амбасадор во Скопје, Кристијан Тимоние, во изјава за весникот КОХА, вели дека очекува наскоро да се формира новата влада и да продолжи со консолидација на реформите кон европскиот пат на земјата.

“Се надевам дека новата влада ќе биде формирана наскоро, и да продолжи со ефикасни и кредибилни реформи, како и да се консолидира европскиот пат на земјата. Судството, борбата против корупцијата, реформите во образованието и развојот на економијата треба да бидат главната задача на новата влада “, вели Тимоние за KOХA.

Запрашан дали Франција или ЕУ имат фаворизирана партија која треба да формира ново парламентарно мнозинство, Тимоние истакна дека во демократскиот систем делувањто е отворено, но според него треба да се создаде ново мнозинство засновано на програмата. “Демократскиот систем е отворен и мора да се создаде мнозинство базирано на програма и принципиелен пристап за враќање на довербата на луѓето во институциите”.

Back to top button
Close