Tимот на ДИК направи хаос на овие избори, Алијанса и ДУИ победила во Струмичко???

Утринава на кратко, на тој фамозен „никогаш-виден ултра брз и модерен гигасајт“ на ДИК, се појавија проекции кои нашиот извор од ДИК тврди не се точни, пишува Канал 5.

Дополнително, оној „илон-маск-лајк_мегатрон софтвер“, со кој ДИК се фалеше цел месец, дека граѓаните во “real-time” ќе ги добивале резултатите, очигледно е „научна фантастика за членовите на ДИК и вистински дебакл.

Македонија не памети во последните 15 години, ДИК во 02 час.по полноќ да нема ни приближни резутати, ниту пак проекција на пратенички места, со што целиот изборен процес го става во една „сива зона“

Погледнете какви небулозни резултати во Ново Село, Струмичко праќале и добивале претставниците на ДИК, кои мораат најпрво ургентно да си ја завршат работата, да објават коректни и точни резултати, а потоа треба да нарават само уште една работа:
Да им се извинат на граѓаните и да си подесат НЕОТПОВИКЛИВИ ОСТАВКИ, при што ќе мора да сносат одговорност за овој блам и хаос во кој ја ставија цела Македонија.
Погледнете ги ирационалните резултати од Ново Село, Струмичко, во три различни гласачки места

Back to top button
Close