Тинејџер падна од електричен тротинет – почина во болница во Мостар

Тинејџер (15) од околината на Метковиќ почина вчера во Универзитетската клиничка болница во Мостар (БиХ) откако во вторникот падна од електричен тротинет.
Момчето по падот се здоби со тешки повреди на главата, а лекарите се бореа со сите сили за неговиот живот.
Според достапните информации, а како што пишува Дубровник дејли, група деца си играа во околината на Метковиќ.
Едно дете дојде на електричен тротинет, по што момчињата се менуваа во возењето.
Кога дојде редот на 15-годишникот, тој почна да го вози тротинетот, но набрзо ја изгуби контролата и падна на патот.
За време на падот, силно ја удри главата во асфалтот и се здоби со сериозни повреди.
Како што дознава Дубровник дејли, тротинетот е многу помоќен од она што е дозволено со закон во земјата.






