Тинејџери нападнале и снимале малолетничка во круг на скопско училиште – заработија кривични

Двајца 18-годишници и еден малолетник ќе се соочат со кривични пријави за инцидент во кој малтретирале малолетничка и истиот го снимиле со мобилен телефон.

– СВР Скопје поднесе кривична пријава против С.А.(18) од Скопје, М.Ј.(18) од Битола и еден малолетник од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „разбојништво“ и против Р.Ѓ.(19) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поттикнување“. На 05.02.2025 во кругот на средно училиште во Скопје, второ и третопријавениот физички нападнале малолетничка, четвртопријавениот ги поттикнувал, додека првопријавениот снимал со мобилен телефон, а потоа и го одзеле нејзиниот телефон, информираа од полицијата.

Back to top button
Close