Тинејџери од Велика Британија одземале такси возило и направиле хаос во Скопје

Полициски службеници од Полициска станица Гази Баба денеска (23.05.2022) ги уапсиле Х.М.(18), Д.М.(19), Л.Б.(19) и К.П.(18), сите од Велика Британија.

„Околу 01.50 часот тие одзеле такси возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки од Џ.М.(39) од Скопје, по што со возилото удриле во банкина на подрачје на Гази Баба“, информираат од МВР.

Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close