„Титаник“: Јанакиески доби куќен притвор, чека полиција за да го спроведе дома

Обвинителката Лиле Стефанова, на чие барање се определи мерката, претходно пред судот тоа го образложи со опасност од бегство. Како отежнители околности наведе што Јанакиески веќе со првостепена пресуда има затворска казна за настаните од 27 април 2017 во Собранието и што се водат и други постапки против него, а како олеснителна ја посочи неговата здравствена состојба

Неговата одбрана реагираше дека нема потреба од таква мерка и посочи дека обвинителката не дала никаков доказ дека ексминистерот би можел да избега

 

Откако призна вина во „Титаник“, ексминистерот за транспорт и врски доби затворска казна од четири години и шест месеци, а судечкиот совет на чело со судијата Осман Шабани го прифати предлогот на обвинителката Лиле Стефанова и му одреди мерка куќен притвор поради опасност од бегство, со оглед дека тој има првостепена пресуда и за 27 април, а се водат и други постапки против него.

Од тие причини, Јанакиески по наредба на судот остана во судницата за да почека да дојде полиција и да го спроведе до неговиот дом каде што ќе се извршува мерката.

„Спрема обвинетиот Миле Јанакиески се определува мерка куќен притвор сметано од денеска па сè до започнување на издржување на казната, односно до правосилноста на пресудата, но не подолго од изречената затворска казна. Му се забранува да го напушта местото каде што ќе ја извршува мерката без дозвола од судот. Ако не се придржува до забраната, ќе се определи притвор. Надзорот на спроведувањето му се доделува на МВР, при што одредени службени лица од полициска станица ќе го проверуваат ненајавено”,

рече судијата Шабани.

Обвинителката Лиле Стефанова, на чие барање се определи мерката, претходно пред судот тоа го образложи со опасност од бегство. Како отежнители околности наведе што Јанакиески веќе со првостепена пресуда има затворска казна за настаните од 27 април 2017 во Собранието и што се водат и други постапки против него, а како олеснителна ја посочи неговата здравствена состојба. Неговата одбрана реагираше дека нема потреба од таква мерка и посочи дека обвинителката не дала никаков доказ дека ексминистерот би можел да избега.

Back to top button
Close