Тој доаѓа!“ – нова кампања на ДУИ

„Тој доаѓа!“ е новата кампања на ДУИ, без дополнително објаснување на што се однесува. Функционери и активисти на ДУИ од синоќа масовно на Фејсбук и на Инстаграм го споделуваат слоганот „Тој доаѓа!“.

Допрва ќе стане појасно дали ДУИ со кампањата го најавува премиерот Албанец во техничката влада или станува збор за нов проект на интегративците.

Првата кампања со навестување дека интегративците подготвуваат нешто ново беше за премиер Албанец во пресрет на парламентарните избори во 2020 година. Тогаш ДУИ го лансираше слоганот „Премиер Албанец, зошто да не?“. Во промоцијата на првиот премиер Албанец ДУИ тогаш и на социјалните мрежи и на билборди ја промовираше таа идеја и со прашањето „ Кој ќе биде следниот премиер?“, а на фотографијата беа ликовите на Зоран Зоран тогашен лидер на СДСМ, на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и третиот лик беше силуета со позадина на албанското знаме.

За локалните избори ДУИ по истиот принцип истрча со зелената агенда како најава дека партијата се менува и дека во фокусот на интегративците е животната средина.

Сега, во пресрет на парламентарните избори, партијата на Али Ахмети најавува нова кампања „Тој доаѓа!“, а позадината е во темно сина боја.

Од партијата не откриваат на што се однесува новиот проект.

Back to top button
Close