Тодоров: Mора да се лоцираат слабите точки каде системот затаил

Исчезнувањето на поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков беше лошо и за него и за државата, смета поранешниот вицепремиер и министер за здравство Никола Тодоров во гостувањето на Топ Тема на Телма. Тој вели дека Мијалков го познава долго време и бегањето не било во негов стил.

Тодоров смета дека изјавата на премиерот Заев кој рече дека институциите го принудиле Мијалков самиот да се пријави, затоа што му ги затвориле сите опции, е погрешна.

-Не може и не смее да не се види каде затаил системот. Значи тој мора како премиер и ова е шанса за него ако сака да покаже дека има навистина силна волја за темелна, длабока и правилна реформа, тоа да го направи. Не секогаш е значајно да има кривична одговорност, некогаш може да има и морална одговорност. Но мора да се лоцираат слабите точки каде системот затаил, ако затаил, и да видиме како тоа да се реши. Не сум ја слушнал изјавата но ако навистина така рекол, дека не треба да има било каква одговорност, тоа е грешка. Напротив мислам дека без разлика на се, и како што кажав исчезнувањето и појавувањето на Сашо Мијалков, не го реши проблемот, проблемот постои, вели Тодоров.

Одговорот мора да го дадат институциите, продолжи Тодоров и потенцираше дека ќе биде грешка на премиерот ако не инсистира оваа работа да се расветли до крај.

Back to top button
Close