Томовски: Во план е жицница од Капиштец до Водно, како и нови факултети за студентите
Во поткастот „ВМРО-ДПМНЕ Зборува“ оваа недела гостуваше директорот на Службата за општи и заеднички работи и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ Ивица Томовски кој најпрво се осврна на состојбите со кои се соочил по доаѓањето во оваа институција појаснувајќи дека тие не биле ни малку поразлични од целокупната состојба во државата оставена од претходната власт – пустош, кражба, демотивирани вработени и неправилности во функционирањето.
Освен затекнатите состојби тој ги откри и деталите поврзани со сработеното во изминатите шест месеци од страна на целокупниот тим предводен од него како директор.
Томовски исто така издвои и еден од проектите кои моментално се планираат и договараат со премиерот Христијан Мицкоски, главниот „мотор“ на оваа Влада кој дава енергија и обезбедува можности за раководителите на институциите да ги спроведуваат истите, а тоа е жичницата од Св. Јован во Капиштец до Средно Водно.
„Практично она што еве прв пат ќе го споделам во јавност бидејќи често таму се појавува проблем со паркингот, кај Св. Јован нема паркинг, планот би сакале да го спроведеме на следниот начин, кај НИП „Нова Македонија“ имаме моментално паркинг, сакаме тука да направиме подземен паркинг дали тоа ќе оди јавно-приватно партнерство или ние како држава ќе инвестираме ќе видиме, практично тој паркинг моментално којшто е да стане зеленило-парк, во едно добиваме и парк и подземен паркинг и луѓето коишто ќе сакаат да отидат на таа жичара до Средно Водно да можат тука да ги паркираат возилата, да платат 30 денари паркинг, не 100 денари горе на Водно“, најавува Томовски.
Во овој контекст тој дополнува дека во зависност од потребите ќе има и комбиња или мини-автобуси кои ќе бидат на располагање за трансферирање патници до жичницата кај Св. Јован како и такви кои од Средно Водно ќе возат до Милениумскиот крст или до Св. Пантелејмон и практично да го посети и Македонско село кое ќе заживее во тој период.
„Останатите проекти кои планираме да ги направиме е да ги довршиме факултетите Финки и Факултетот за фискултура, заедно тие ќе ги спроведеме со Министерство за образование. Моментално правиме одредени анализи да видиме до каде се овие проекти, кои се штетите коишто се претрпени бидејќи седум години не се мрднало со прст, па ќе направиме некој ревидиран проект, поедноставен проект, побрзо да ги реализираме и да и пуштиме во употреба овие градби“, заклучува Томовски.