Топалов: Додека во македонските учебници пишува дека Бугарите биле номадско племе, се занимавале со грабежи и биле Татари…, тешко Софија да помогне С. Македонија да влезе во ЕУ
Бугарско-македонската историска комисија постигна нула резултат затоа што од другата страна нема желба да се придвижат работите напред, изјавил за БТВ бугарскиот историчар Кирил Топалов, член на мешовитата комисија.
„Се надевавме по интервјуто на нивниот премиер дека сакаат да се променат. Но видовме дека комисијата е далеку светлосни години што е многу чудно за нас. Државна комисија што не ги прифаќа тезите на премиерот и на поголем дел од владата е чудна работа. Очигледно комисијата продолжува да им служи на старите југословенски тези, старите тези на Тито – вели Топалов.
Според него, неговите македонски колеги читаат историски извори како што ѓаволот чита евангелие. Како што вели, низ македонските медиуми кружат приказни кои создаваат заблуди дека комисијата го решила Средниот век и веќе ја достигнала најновата историја.
„Ова не е вистина. Не го поминавме Средниот век, не ја достигнавме ренесансата. Го разгледувавме Гоце Делчев затоа што се ближеше годишнина. Се покажа дека прашањето е нерешливо од нивна страна“.
тврди Топалов.
Историчарот посочува дека мора да се процени што губи, а што добива Бугарија ако соседните земји се членки на ЕУ.
„Што кога во ЕУ треба да влезе земја која вистински ја мрази својата блиска држава, која не нарекува се уште фашистички окупатор, чудовиште… Во нивните учебници пишува дека Бугарите биле номадско племе, дека се занимавале со грабежи и дека првично биле Турци, Татари, Монголи… Тогаш малку е тешко Бугарија да биде толку глупава и дарежлива и да помогне РС Македонија да влезе во ЕУ – нагласува Топалов.