Топаловски од СВР Скопје: Казните ќе се повлекуваат ако возач брзал во болница, но ќе се казни ако завршил на кафенце

 

Ќе провериме ако некој вози со четири трепкачи дали навистина брзал да спаси живот – свој или на близок. Ако човекот одел во болница, нема теорија да биде казнет. Тоа може да се провери и казната ќе се повлече“, изјави Топаловски во гостувањето во „Претрес“.

 

Тој додаде дека системот за „Безбеден град“ е направен така што ниту една снимка не може да биде избришана.

 

„Системот е дизајниран никој да нема можност да избрише видео-запис. Снимките остануваат трајно – колку точно, не знам, месец или година. Но не може да се случи прекршок да не биде процесиран. Системот ќе ги обработи сите прекршоци и ќе стигне известување на електронска пошта или порака“, рече Топаловски.

 

 

 

Back to top button
Close