Тора ги повика граѓаните на Љејда да го почитуваат карантинот

Каталонскиот премиер Ким Тора денеска ги повика граѓаните на градот Љејда да ги слушаат владините наредби за карантин по порастот на случаите со коронавирус, и покрај одлуката на судијата да се забрани карантин.

Тора на прес-конференција изјави дека е невозможно да се прифати одлуката на судијата поради ризикот од пренесување на инфекцијата, додавајќи дека неговата влада ќе усвои уредба за справување со се поголемиот број случаи во регионот.

Еден шпански судија им забрани на каталонските власти да затворат околу 160 000 луѓе во своите домови во градот Љејда и уште седум други градови во период на зголемен број заразени. паг/

Back to top button
Close