Торонто го совлада Бруклин и поведе во серија со 3:0

Актуелниот НБА шампион Торонто, вечерва го совлада Бруклин со 117:92 во третиот натпревар од првото коло од плеј-офот.

По овој триумф Репторс поведоа со 3:0 и се на само еден чекор до пласманот во конференциското полуфинале.

Паскал Сијакам со 26 поени беше најефикасен во победничкиот тим, додека Tајлер Џонсон се истакна во поразениот состав со 23 поени.

Четвртиот натпревар од серијата Бруклин – Торонто ќе се одржи на 24 август.

Back to top button
Close