Тортевски: Државни пари не треба да се трошат за финансирање партии

„Јас морам да се спротиставам на ставовите на СДСМ, ДПМНЕ и ДУИ кои ми ја креираат сегашноста. Одлучив да одам на локалните избори, мислам дека добивме симпатии, за кратко време Твоја партија ќе стане трет или четврт субјект и ќе може да влијае.

Ние потрошивме за изборите 1.500 евра, на претходните 800 евра. Од кога сме формиравме не сме потрошиле повеќе од 5.000 евра. Државни пари не треба да се трошат за финансирање партии. За споредба, криминалниот закон ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ се договорени да добиваат по 1 милион евра годишно за нормално функционирање и по исто толку во изборна кампања. Билбордите кои се уште стојат се платени со пари на граѓаните“ – вели Александар Тортевски „Твоја партија“ во Студио 10 на ТВ24.

Back to top button
Close